5.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Ибрахимовиќ раскажува: Ти ги давам своите копачки, однеси ги во Барса – нека ме чекаат загреани!

Златан Ибрахимовиќ се сети на неславната епизода во Барселона кога поради судир со Пеп Гвардиола ја напушти екипата по само една сезона. Ибра во Барса отиде од Интер во 2009. година, а сега тврди дека Шпанецот му ја направил истата работа што му ја направил и на Манџуќич во Баерн.

„Барселона таа година ја освоија Лигата на шампионите и тие сакаа да бидам дел од нивниот тим. Ми беше тешко да го напуштам Интер бидејќи имав добар однос со сите играчи како и со тренерот. Максвел истотака замина во Барса тогаш и му реков „Ти ги давам моите копачки, однеси ги во Барселона нека ме чекаат загреани“, откри Ибра во разговор за „Скај Спорт Италија“ и додаде:

„После два часа состанок имаа челниците на Интер и Барса кои се договорија за 20 минути. Мино ме повика и ми соопшти дека се е завршено. На „Камп Ноу“ имаше 70. 000 навивачи и не можам да опишам како се чувствував..

„Добро почнав, тоа беше екипа од соништата, со Меси, Чави, Иниеста, Андри и Дани Алвес. А тогаш Гвардиола одлучи да ја менува својата тактика. Останав на клупата, а тој не сакаше да зборува со мене“, раскажува Ибра и додава:

„Заминав бидеќи не сакав некој од мене да прави будала. Видов подоцна дека истото му го направи на Ето и Манџуќич. Не е тој најлошиот тренер со кој сум работел, но факти е дека е како дете. Мажот ги решава своите проблеми“.

поврзани објави

Последни објави