13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Зидан рекордер на Реал: Следната година ќе освоиме шест трофеи, би сакал Роналдо да го продолжи договорот!

 

Зинадин Зидан се впиша во книгата за рекорди на мадридски Реал освојувајќи во иста календарска година дури пет трофеи: Лига на шампиони, шпанската лига, шпански суперкуп, европски суперкуп и, победата од 1:0 против Греми, клупско Светско првенство!

“Одигравме одличен натпревар, задоволен сум со сите сегменти на играта. Победата е заслужена, од почеток до крај игравме на високо ниво. Го освоивме и 5-от трофеј, среќни сме бидејќи ова е вистински успех“, рече Зидан и го прокоментира настапот на Кристијано Роналдо, стрелец на единствениот погодок.

“Кога е најбитно, можете да сметате на него дека ќе ја донесе победата. Би сакал да го продолжи договорот, за нас е фундаментално Кристијано да ја заврши кариерата во клубот бидејќи никој нема да може да го повтори тоа што тој го прави“.

поврзани објави

Последни објави