30.8 C
Skopje
Saturday, June 15, 2024

Иницијативниот комитет на ГДУ со предлог-решенија во врска со загадувањето

„Политичкото лицемерие е опасно по животот!

Евростат излезе со статистика дека на 80% од автомобилите во Македонија се постари од 10 години, како стари технологии се еден од основните загадувачи.

Кога едно општество повеќе од 11 години ќе инвестира материјални средства во панорамски тркала, споменици, палми и плажи, врби во Вардар и сл.тогаш со право се изненадуваме на снегот во јануари, на можни поплави на пролет, на диви депонии- да, и одново на загадувањето во главниот град.
Оваа година. Како впрочем и претходната. Како и таа пред неа.
Затоа, наместо да дебатираат, препираат,предлагаат, би било полезно уште сега да почнат со подготовка на конкретни мерки кои би дале резултат следната година. И би замолиле, само без “национални координатори” без вицепремиери, министри или раководители на работни групи. Ангажирајте урбанисти, лекари, сообраќајни експерти, еколози…и не им ставајте сопки, не се кријте зад надлежностите на локалната самоуправа, Градот, централната власт, министерството за економија, за образование, направете го она што треба-завршете работа, или оставете ги оние што умеат да ја завршат за вас.
Можеби ке предложат:
1.Намалување или целосно укинување на царинските и другите давачки кон државата за граѓаните да можат да си купат понови возила.
2.Инвестирање во високо еколошки градски транспорт и стопирање на непродуктивните проекти.
3.Активна борба со урбаната мафија низ земјата.
4. Сериозни санкции и контроли на големите производствени капацитети, кои не ги изполнуваат еколошките критериуми.
5.Гасификација на градовите, мерки за поевтинување на централното греење во град Скопје, намалување на цената на електричната енергија. Намалување или целосно укинување на некои давачки и даноци наложени врз енергетскиот сектор од страна на државата.

Владата да научи да биде “посиромашна”за да бидат побогати граѓаните“, се вели во соопштението на Иницијативниот комитет на ГДУ, објавено на официјалната facebook страна на комитетот.

Политичкото лицемерие е опасно по животот!Евростат излезе со статистика дека на 80% од автомобилите во Македонија се…

Posted by Граѓанско Демократска Унија on Sunday, December 17, 2017

поврзани објави

Последни објави