11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Бошковски: Љубчо Георгиевски беше вистински визионер кој ја предводеше авангардата

Претседателот на Обединети за Македонија во емисијата Стадион на Канал 77 вели дека Љубчо Георгиевски бил вистински визионер кој го предводел ВМРО, а почнувањето на преговорите на Република Македонија за членство во ЕУ ја започна токму владата на Љубчо Георгиевски.

Тоа не може да му се забележи како негативно, туку за позитивно. Неговата евроатланска визија за Македонија е толку јасна и очигледна, вели Бошковски.

Во однос на Тиранската платформа и неговиот однос кон албанците, Бошковски вели дека тоа е прашање на едно минато време.

Живееме во Македонија во која Албанците покажаа висока свест за македонската држава. Над 70 илјади албанци за прв пат во Историјата на РМ гласаа за политичка партија која што во своето име го има името на Македонија. Тоа е јасна подготвеност доброто и лошото да го живеат во една заедничка држава – Република Македонија, додава тој.

поврзани објави

Последни објави