7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Едномесечно бебе почина во Скопје

Во Службата за итна медицинска помош вчера во 9.25 часот било пријавено починато едномесечно бебе на улицата Бајрам Шабани во Скопје.

Во разговор со полициските службеници родителите на бебето изјавиле дека кога се разбудиле, забележале оти бебето не дава знаци на живот. Лекар од итната медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство.

По наредба на јавен обвинител телото на бебето било предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.

поврзани објави

Последни објави