Дечињата кои се лекуваат во болницата Козле во Скопје денеска добија новогодишни подароци од бугарското Министерство за надворешни работи. Лично Зорица Заева, сопругата на премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, ги раздаде подароците на децата во Институтот за белодробни заболувања. Амбасадорот Иван Петков и директорот на болницата “Козле” д-р Ангелчо Андоновски, исто така беа присутни на ова убаво случување. За време на настанот беше договорено со помош на бугарската амбасада во Скопје да се организира работилница за децата со аутизам.