2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Гладијаторот Христијан Тасески од Прилеп со голема победа на ММА турнир во Врање

Христијан Тасески (18) член на Центарот за боречки вештини „Максам Фајт“ од Прилеп, вечерва освои убедлива победа, на меѓународниот ММА турнир во Врање – „Gladiator Fight Champion“. Тасески доминираше во текот на целата средба, додека неговиот противник се предаде. Младиот прилепчанец се натпреваруваше во категоријата до 70 кг. Инаку ова е прва полупрофесионална борба на Тасески, која може да се смета и како добра проверка за претстојните ММА борби во Хрватска и Германија.

„Максам Фајт“ од Прилеп ќе има свој претставник и на турнирот во повеќе боречки вештини кој ќе се одржи на 29 декемвриво Урошевац, Косово. Стефан Сталески во категорија до 67 килограми ќе се бори со Арт Ложа од Косово. На турнирот треба да има и полупрофесионални борби и борби за светски титули. Ќе учествуваат натпреварувачи од Косово, Албанија, Германија, Швајцарија, САД, Шведска, а исто така и американски војници од базата „Бондстил“ во Косово.

поврзани објави

Последни објави