23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

Едни поинакви божиќни филмови

Во списокот што следи го нема „Сам дома“ и покрај тоа што секој Божиќ не малтретираат со малиот деген, веќе пораснат наркоман и алкохоличар Меколи Калкин :).

  1. Умри машки (и кецот и двојката)– Во првиот дел џандарот Џон Меклејн (Брус Вилис) „раздава“ куршуми на терористи, кои одлучиле да ја пое*бат божиќната прослава на фирмата во која работи жена му. Наместо да го искористи моментот и да отиде на гости кај некоја комшивка, Вилис како еден вистински херој од Холивуд си го ризикува животот во борба со искомплексирани комуњари од ГДР (Источна Германија). Во вториот дел, божиќната атмосфера може да се осети од снегот на аеродромот. Повторно терористи се во игра но овој пат, се работи за киднапирање на авион.
  2. Batman Returns – Насловот асоциира на Леси се враќа дома, но овде се работи еден мадафакер со црн костим и еден друг – кепец (Дени Де Вито), влезен у филм дека е Пингвин (валда ради ладново). Дејството се одвива на сам врв Божиќ, а Жената-Мачка (Мишел Пфајфер) блеска во својот садо-мазо костим.
  3. Life of Brian – едно епско ремек дело на момците од Монти Пајтон. Филмот е пародија на сите филмови за Исус што сме приморани да ги гледаме за Божиќ и Велигден. Брајан треба да застане на глава за да ги убеди неговите глупави сограѓани дека не е Месијата. Топло ви го препорачувам.
  4. Уште еден Бетмен- The Dark Knight Rises – филмот е прекрасна замена за лигавите приказни што ни ги продаваат за Божиќ. Бетмен е Кристијан Бејл, а негов непријател е Бејн глумен од Том Харди. Само поради овие двајца мадафакери филмот вреди да се гледа. Инаку еве ви уште еден филм со Харди: Legend (2015). Топ прича за двајца гангстери од Лондон во 60-тите години. Едниов, покрволочниов замислете е педер :).

поврзани објави

Последни објави