Популарниот италијански стратег Фабио Капело во интервју за „Скај Италија“ ги открива деталите за доаѓањето на Ибрахимовиќ во Јувентус.
Тој во интервјуто вели дека Јувентус тогаш склучиле многу добар договор односно го купиле Ибрахимовиќ за 16 милиони евра кои биле платени на 4 рати.
Кога дојде во Јувентус, тој не знаеше да шутира, неговиот менаџер Мино Рајола ми рече дека Ибрахимовиќ им ги крши рацете на голманите, а единствено што успеа да искрши се прозорците во теретаната, меѓутоа тој секојдневно тренираше на својот шут и стана тоа што е денес“ додаде италијанскиот фудбалски стратег.