Поранешниот претседател на САД, Џорџ Буш постариот е хоспитализиран во болница во Хјустно, во државата Тексас. Информацијата беше потврдена и од страна на Џин Бекер, која е шефица на неговиот кабинет, а според лекарите Буш се наоѓа во стабилна здраствена состојба.
Засега не се познати причините поради кои е хоспитализиран, но јасно е дека Буш, кој беше претседател на САД од 1989 до 1993 година во последните неколку години има чести проблеми со здравјето, откако во 2015 година тој падна во својот дом и скржи пршлен.
Тој соопшти дека поради здраствени проблеми нема да може да присуствува и на церемонијата на инаугурација на новиот претседател на Америка, Доналд Трамп, која е закажана за во петок во Вашингтон.