По изборот на новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се поактуелни се прашањата за тоа како ќе се однесува и како ќе дејствува новиот лидер на партијата? Имено, се поставува прашањето дали истиот би бил независен и самостоен или би бил политичка мариоента на претходникот кој 14 години беше прв човек на партијата.
Она што е интересно на социјалните мрежи е фотографијата на која може да се забележи дека новоизбраниот претседател држи говор на состанок во партиските простории во општина Карпош, каде што зад него може да се види фотографија од самиот Мицкоски.
Дали оваа фотографија е фотомонтажа или вистина? Доколку е вистина, новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ веќе успеал да ги освои симпатиите на своите сопартијци, членови и симпатизери на партијата кои веднаш по неговото назначување ја прикачиле неговата фотографија на ѕидот во партиските простории.