Силите за безбедност во Турција уапсија 54 лица под сомнение за поврзаност со организацијата FETO (терористичка организација, според турските формулации за Фетхулах Ѓулен). Тие се обвинети за организирање на државниот удар во Турција во јули 2016 година, објави агенцијата Анадолу. Според податоците на агенцијата, обвинителството во Истанбул издало налог за апсење на 171 лица, а операцијата се одвива во 29 од провинциите на републиката. Меѓу уапсените се официјални лица и академици од Универзитетот Фатих во Истанбул. Тие се осомничени за користењето на мобилна програма ByLook која ги криптира комуникациите . Според истражувачите, оваа програма ја користеле и организаторите на пучот. На 15 јули 2016 година, воени лица и офицери од турската армија направија обид за државен удар. Основните бунтови се одвиваа во Анкара и Истанбул, а во судирите загинаа 250 лица, без да се сметаат организаторите. Повредените се пресметуваат на повеќе од 2 илјади лица.