3.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Крем од костени

Состојки:

  • 1 кг. костени
  • 4 јајца
  • 500 мл. млеко
  • 2-3 лажици шеќер
  • 1парче путер
  • шеќер во прав

Начин на приготвување:

Сварете ги костените, излупете ги и испасирајте ги со вилушка.
На шпоретот ставете го млекото со шеќерот и путерот и оставете ги да зовријат.
Тргнете ја смесата од оган и внимателно со непрестано мешање малку по малку додадете ги изматените јајца. Оставете ја смесата повторно да зоврие.
Откако смесата ќе зоврие отстранете го садот од шпоретот и измешајте ја со костените.
Ставете го кремот во соодветни чинии или чаши и декорирајте со малку шеќер во прав.
На здравје!

поврзани објави

Последни објави