Манчестер Јунајтед повеќе не го сака Антонио Гризман, ексклузивно пренесуваат мадридските медиуми.
Наводно, Жозе Мурињо и соопштил на управата на клубот дека се откажува од другите цели, односно дека Гризман во овој момент е играч кој не е неопходен.
Тоа значи само едно, на Барселона и е отворен патот до напаѓачот на Атлетико Мадрид, а токму тој веќе некое време се поврзуваше со трансфер на Камп Ноу.
Гризман летово господски реши да потпише нов договор со Атлетико по кој неговата клаузула е 200 милиони евра, но само до истекот на забрана за регистрација на играчот, а тогаш повторно би била 100 милиони евра од 1 јули 2018 година.
Барселона е подготвена да ги обезбеди тие пари, Мурињо се осврнува кон нови цели, па изгледа дека навистина ќе го видиме Французинот во бордо – плав дрес со број 7, кој ќе го наследи од Арда Туран.