2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Средба на владината коалиција: Значајно е взаемното охрабрување и поддршка за остварување на целите

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, денеска оставри средба со претседателите и претставниците на политичките партии од коалицијата.

На оваа, предновогодишна средба, премиерот Заев ги запозна коалиционите партнери со главните точки и остварувања на владата, и нагласи дека тие се постигнати врз основа на принципите договорени со коалицијата.

– Создадовме околности кои целосно го променија демократскиот амбиент во земјата, за што пристигнаа признанија и од народот со исходот на локалните избори, како и од меѓународната заедница, особено од нашите стратешки партнери во ЕУ, НАТО, и од САД, и овие промени навестуваат дека влегуваме во година на клучни одлуки за државата. Во таа смисла е многу значајно взаемното охрабрување и поддршка на сите партнери во коалицијата во сите области, и посебно во остварувањето на концептот едно општество за сите – истакна Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев.

Во текот на разговорот, премиерот Заев се задржа на повеќе прашања од интерес за граѓаните на земјата, како и теми од заеднички договорените политики, кои во изминатите 7 месеци се преточија во конкретни мерки и законски решенија од спроведувањето на програмата на владата.

Беше нагласено дека насоките се утврдени, и дека паралелно со она што се очекува на планот за европските и евро-атлантските аспирации, ќе се динамизираат и процесите во спроведувањето на реформите и реализацијата на Планот за економски раст.

поврзани објави

Последни објави