4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

(Видео) Двајца најдобри пријатели се венчале за да избегнат плаќање данок

Двајца најдобри пријатели од Ирска, кои се хетеросексуалци, правеле свадба за да избегнат плаќање на данок. Мет Марфи (83) сакал да му ја остави куќата на неговиот најдобар пријател Мајкл О’Саливен (58), но данокот за наследство во тој случај би изнесувал 50.000 евра, па затоа одлучиле да се венчаат. „Гардијан“ пишува дека и двајцата поминуваат низ тежок период – О’Саливен останал без куќа, додека Марфи боледува од артритис.
Нивен пријател на шега им рекол зошто да не се венчаат за да избегнат плаќање на данок. „Една вечер се договоривме и му реков на Марфи дека би можел да бидам во брак со него“, рекол О’Саливен кој претходно бил оженет. На Марфи ова му е прв брак. Истополовите бракови во Ирска беа легализирани на референдум во мај 2015 година.

поврзани објави

Последни објави