Пријатно изненадување им приреди Центарот за странски јазици МАСТЕР на своите најмали ученици…
Како новогодишна честитка со искрени желби за среќна и успешна 2018 година им подели новогодишни пакетчиња на учениците од прво до петто одделение кои се дел од големото МАСТЕР семејство.
Насмеаните лица на учениците беа доволни за да се забележи колку малку е потребно за да се направат среќни и радосни.
Покрај учениците задоволни и вработените . Директорката на училиштето Виолетка Јовановски за нашиот портал ПОГЛЕД го истакна следново: “ Нашите ученици се наша гордост и нашето СЕ во нашето МАСТЕР семејство. Без нив ние не би биле тоа што сме .Иако можеби овие слатки пакетчиња се мали, но се подарени од срце и со многу љубов за нашите прекрасни дечиња кои се дел од МАСТЕР, бидејќи тие заслужуваат многу и многу повеќе…”.
Учениците задоволни и среќни со своите новогодишни подароци заслужено заминаа на зимски распуст и си ветија дека во второто полугодие повторно со нови сили и нови знаења ќе постигнуваат нови успеси.
Инаку оваа не е првпат дечињата покрај големото внимание и знаење да добиваат подароци. Центарот за странски јазици МАСТЕР во Делчево на своите ученици им овозможувше бесплатен училишен прибор, голем број на попусти и им приредуваше и им приредува интересни забави, како што беше и оваа забава на кој им беа доделени новогодишните пакетчиња.
Директорката и вработените во Центарот за странски јазици МАСТЕР на своите ученици и нивните родители, како и на сите граѓани им ја честитаат Новата 2018 година , со желби за добро здравје и многу среќа.