Новото засилување на Ливерпул, Вирџил ван Дајк помина долг пат од перач на садови до наплатениот дефанзивен играч во историјата на фудбалот.
За него се кажува дека е поскап и од комплетните одбрани на некои од најсилните европски тимови. Ливерпул за него плати 80 милиони евра на Саутемптон, а годишно ќе заработува по 10 милиони.
Сепак, овој холандски дефанзивец не живеел отсекогаш помеѓу милионите.
Пред десет години, кога имал 16 миел садови во својот роден град Бреди за да заработува. Од таа позиција напредувал во помошник на кујната, а како што пишуваат британските медиуми, бил добар во тоа, па неговите менаџери го молеле да се откаже од фудбалот за да стане кувар.
Тој сепак не ги послушал неговите надредени и стана фудбалер.
Новинарите го пронашле сопственикот на ресторанот и му кажале за неверојатниот трансфер на неговиот поранешен работник, по што тој останал без текст.
– 75 милиони фунти? Тоа е луда цифра. Беше добар работник, доаѓаше во деновите кога имаше најмногу гужва да помага. Отсекогаш сакаше да биде фудбалер, изјави тој.
Ван Дајк кариерата ја започна во Бреди, од каде што премина во Вилхелм 2. Играше и за Гронинген, Селтик и Саутемптон пред да стане најплатениот дефанзивец со трансферот во Ливерпул.