Менаџерот на Ван Перси во изјава за медиумите вели дека холанѓанецот ќе го раскине договорот со Фенербахче.
Тој има уште шест месеци од договорот, а Перси е во проблеми бидејќи не игра доволно, па се споменуваат неколку клубови во кои тој би можел да ја продолжи кариерата.
Први е Фејнорд, клубот во кој што се започна, а се смета дека тој се уште е способен да направи разлика на теренот.
Ван Перси има 34 години а во својата кариера најдобри натпревари пружаше во Јунајтед и Арсенал.