Арсенал и Челси синоќа во градското дерби одиграа интересен натпревар со завршен резултат од 2:2.
Натпреварот го одбележа Алваро Мората, но на негативен начин. Човекот кој стигна од Реал за 62 милиони евра и до сега имаше солидна сезона, синоќа промаши во барем три изгледни шанси.
Толку прилики пропушти кои статички се водат како “стопостотни“ или “непромашливи“. Мората така постави негативен рекорд оваа сезона во Премиер лига.
Прво во 14. минута, при резултат од 0:0, го претрча Чемберс и излезе пред Чех. Имаше доволно време и простор да постигне гол, но наместо тоа топката замина дури пет метри далеку од врата. Пет минути подоцна, Мората не успеа да го погоди ниту од два метри. Мосес од десната страна му испрати одлична приземна топка, шпанскиот напаѓач излегува пред чуварот на мрежата чија топка завршува токму во него.
Мората продолжи со промашувањата и во другото полувреме. Во 70. минута тој се добро направи, но немаше успешна завршница. Тој го прими одличното проигрување од Алонсо, го претрка Чемберс и го издржа неговото буткање. Но со самото доаѓање пред голот на Чех, ја испрати топката наместо во мрежата, покрај неговиот гол.
Тогаш и на Антонио Конте му беше доста па можете да ја видите неговата реакција на фотографијата, но и во видеото со промашувањата на Мората; каде што бесно лупа со раката по тревата.
И конечно, во третата минута од судското продолжение, непосредно после голот на Арсенал за израмнување, Мората имаше сјајна прилика да му донесе на Челси три бода. Мората дојде до дури 14 пропуштени големи прилики на натпреварите во Премиер лигата. Пред него е само Мохамед Салах со една пропуштена шанса повеќе.