fbpx
20.8 C
Skopje

Приказна за човекот кој го научи Роналдо да спие: Две работи Кристијано прави час и пол пред да замине во кревет!

АКТУЕЛНО

Nik Litlhejs е поранешен маркетинг директор кој веќе 20 години работи како советник за спиење

Животот на професионалните спортисти е полн со секојдневни обврски, напорни тренинзи, натпревари кој доведуваат до преголем напор за телото, па и повреда.

Затоа секогаш е важно секој момент од одморот да биде квалитетно искористен.

Nik Lithlhejs веќе две децении ги советува спортистите како да спијат. Не е само доволно да се отспијат “осум“ часа бидејќи тоа предизвикува неприроден ритам и најмалку продуктивно време.

Неговиот најпознат клиент е Кристијано Роналдо

Повикан сум во Реал Мадрид кога Карло Анчелоти беше менаџер. Седев покрај аут – линијата на теренот и разговарав со некои луѓе од клубот, кога Роналдо протрча. Тренираше цел ден и се очекуваше од него директно да оди во соблекувалната на туширање, но ме праша за што всушност разговаравме – вели Litlhejs и продолжува:

– Беше заинтересиран за тоа што пробувам да го направам бидејќи како спортист од секогаш вложувал во себе.
Она што го научив додека работев со него, е дека Роналдо не е заинтересиран за исхрана (диета), тој не е заинтересиран за копирање на другите. Единствената работа која го интересира е: “дали неговата работа и тоа што го прави има резултат односно функционира за самиот него?“ – објаснува тој.

Час и пол пред Роналдо да замине во кревет тој го исклучува телефонот, престанува да гледа телевизија или било кој друг екран.

Неговиот метод подразбира пет пати по 90 минути, додека неговите клиенти ги советува да спијат во положба на фетус во чиста блуза, додека за луксузни душеци тврди дека ги оштетуваат контурите на телото.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -