2.8 C
Skopje
Thursday, January 23, 2025

НЕ ЧЕКАШЕ ДОЛГО ЗА ДА МУ ОДГОВОРИ: НИЕ КЛОВНОВИ? ТОЈ ВЕРОЈАТНО МИСЛЕШЕ НА СЕБЕ…

Тоа што не скокам на теренот како кловн не значи дека сум ја изгубил страста за фудбалот односно мојата работа. Мене ми е подраг мојот начин, зрел и подобар за мојот тим. Ова во четврток за медиумите го изјави тренерот на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо.

Одговор не требаше да чека многу долго, бидејќи му одговори тренерот на Челси Антонио Конте

“Ние кловнови? Мислам дека Мурињо зборуваше за себе во минатото. Некогаш луѓето многу брзо забораваат што правеле во минатото“, рече Конте, кој го боцна и тренерот на “топчиите“ Арсен Венгер кој тврди дека судиите често донесувале погрешни одлуки кои биле на штета на Арсенал.

“Венгер нека го погледне натпреварот повторно, ќе види дека имаат среќа со судските одлуки. Ја би можел да зборувам за судските одлуки цел месец. Но, не сакам, бидејќи мораме да покажеме респект спрема нивните одлуки. Начинот на Венгер не е добар“, рече Конте.

поврзани објави

Последни објави