Сопругот на притворената Елена Божиновска од Куманово, обвинета за настаните од 27 април кои се случија во Собранието, беше гостин во емисијата „Отворено студио“.
Нејзиниот сопруг Игор Божиновски откри трогателна приказна за Елена, дека била во блажена состојба, а подоцна го загубила бебето. Таа е мајка на две малолетни дечиња кои останаа без нивната мајка за време на новогодишните празници.
-На почетокот се мислевме дали да се објавува дали да не се објавува меѓутоа луѓето треба да знаат дека на тој 27-ми, Елена беше во блажена состојба. Поради претрпениот стрес и она што се случи тој ден во Собранието на Република Македонија тоа за жал не дочека да биде родено, рече Божиновски.
Елена е обвинета за терористичко загрозување на уставниот поредок. Божиновски е во неверување дека неговата сопруга, скромна и пред се мајка на две деца да биде обвинета за едно такво тешко дело.
-Да не е тажно би било смешно. Да се товари мајка на 2 малолетни деца за терористичко загрозување е парадокс, нестварен податок што сеуште не можам да го помислам, а не да размислувам на таа тема, истакна Божиновски.