fbpx
20.8 C
Skopje

Една година портал ПОГЛЕД.МК

АКТУЕЛНО

Почитувани читатели на „Поглед.мк“

 

Во очајната медиумска состојба во Република Македонија, „Поглед.мк“ успеа да се наметне како портал кој ги придоби читателите во Македонија кои имаат различни мислења, ставови и гледишта по однос на многу прашања. Успеавме да овозможиме објективно и навремено информирање во склоп со можностите и условите за работа, овозможивме и простор за дискусија и дебата меѓу самите читатели на нашиот портал, со што сакаме да покажеме дека сме отворени за различни групи на луѓе без разлика на нивната национална, верска, политичка или било каква припадност. Да се изгради кариера во денешно време е навистина голем предизвик кој залага доста труд, особено кога станува збор за овој тип на работа.
 Во овие 12 месеци добивме колумни од познати историски и политички аналитичари, од новинари, од политичари од различни политички субјекти, дадовме простор на секого кој може себеси да се пронајде во нашето скромно катче.

Направивме интервјуа со познати личности од општествената, спортската и политичката сфера.

ПОГЛЕД е медиум кој благодарение на Вас, читателите, успеа да биде тоа што е денес, но и она што ќе биде во иднина. Вие сте тие кои не следите секој ден и постојано сте тука, каде можете да прочитате содржини од повеќе категории, да се информирате и да бидете во тек со сите случувања во Македонија и Светот.

Нашиот медиум ќе продолжи и натаму објективно, независно и непристрасно да ги информира нашите читатели.

Вашиот Поглед 

претходниот член,Патни трошоци
Следната статијаБадникарски огнови

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -