13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Детали за договорот: Ливерпул не заработи само од трансферот, ова се сите детали за трансферот на Кутињо..

Големиот трансфер е завршен на 6. јануари, тој со златни букви е запишан во историјата на фудбалот.

Кутињо стана вториот најскап играч на светот, и најскапо зимско засилување во историјата.

Најголем дел од колачот на Ливерпул ќе се види многу брзо и сигурно. После 100 одиграни натпревари за Барселона, каталонскиот див ќе мора да искешира додатни 20 милиони евра на сметка на Ливерпул. Земајќи во предвид дека Филипе потпишал на пет и пол година, овој бонус е загарантиран.

Исто така, на Енфилд стигнуваат иницијални 5 милиони после секои 25 одиграни натпревари.

Нови пет милиони пристигнуваат доколку Барса се пласира во најелитното европско натпреварување и тоа во првите две сезони, додека ќе добие пет ако Каталонците го освојат турнирот. Кутињо со новиот договор ќе заработи дури до 13 милиони евра по сезона.

Неговото деби би требало да се случи наредната недела, 11 јануари, кога Барса игра против Селта Виго на Камп Ноу.

поврзани објави

Последни објави