29.8 C
Skopje
Tuesday, July 23, 2024

За три години, Барселона потрошила 366,3 милиони евра повеќе од Реал Мадрид!

Со потпишувањето на Кутињо, Барселона потрошила 561,25 милиони евра во изминатите три сезона, додека Реал Мадрид за истиот период потрошил 194,9 милиони евра.

Не само што го престигна Реал Мадрид во трошењето на пари, Барселона во изминатите три години даде речиси тројно повеќе од кралскиот клуб за нови засилувања. „АС“ направи пресметка на потрошеното и заработеното во изминатите три години на двата шпански гиганти.

Барселона го комплетира трансферот на Кутињо вреден 160 милиони евра, изминатото лето се засили со Дембеле за 145 милиони евра, за Паулињо плати 40, за Самедо 30,5, за Делофеу 12 и за Марлон 5. Мадрид во изминатото лето потроши само 26 милиони за Тео и 16,5 за Дани Себаљос.

Во изминатите три сезони Барселона потроши 561,25 милиони евра, покрај горенаведените играчи ги купи и Арда Туран (34), Алекс Видал (17), Андре Гомеш (35), Алкасер (30), Умити (25), Силесен (13) и Денис (3,25). Во истиот период Реал Мадрид потроши 194,9 милиони евра, ги купи Ковачиќ (30), Ваљехо (5), Асенсио (3,9), Луказ Вазкез (1), Кико Касиља (6), Данило (31,5), Мората (30), Винисиус (45) и Тео и Себаљос.

Што се однесува до продажбата на фудбалери во изминатите три години, Барселона заработиле повеќе од Реал Мадрид, но разликата не е многу голема. Каталонците инкасирале 366,5 милиони евра, Кралскиот клуб заработил 298,1 милион евра. Од Барса заминаа Нејмар (222), Тељо (4), Клаудио Браво (18), Бартра (8), Халиловиќ (5), Адриано (2,3), Тељо (0,5), Педро (27), Делофеу (6), Денис (4), Монтоја (1,3). Балансот на купување и продажба на фудбалери кај Барселона е -263,15 милиони евра.

Реал Мадрид инкасираше 195,15 милиони за Мората (80), Данило (30), Хамес (13), Мариано (8), Диего Љоренте (7), Бургу (3), Коентрао (1), Хесе (25), Черишев (7), Мајорал (3), Медран (1,5), Маскарел (1), Иљара (15) и Лукас Силва (0,65). Балансот на купување и продажба на фудбалери во Реал Мадрид е -0,25 милиони евра.

Извор: 24Фудбал

поврзани објави

Последни објави