13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Работниците во Германија ќе штрајкуваат за поголеми плати

Повеќе илјади работници во германската металска и инженерска индустрија ќе ја прекинат работата неделава и ќе започнат со штрајк за повисоки плати. Најголемиот синдикат на работници IG Metal бара покачување на платите за 6 отсто годинава за околу 3,9 милиони вработени во овој сектор.

„Со првиот бран предупредувачки штрајкови ќе извршиме притисок врз работодавачите за да преговараат“, вели шефот на синдикатот во Баварска, Јирген Вехслер. Работодавачите го одбија барањето на синдикатот за зголемување на платите како претерано и понудија зголемување од 2 отсто, како и еднократна исплата на 200 евра во првиот квартал.

Синдикатот кој бара да се скрати работната недела, има право на штрајк и повеќето работници обично се приклучуваат на таквиот повик. IG Metal неделава ја покрена идејата за штрајк, на која ги повика сите работници во компании, вклучувајќи ги и производителите на спортските автомобили Porsche.

Идната рунда разговори за платите е закажана за 11 јануари во покраината Баден – Виртемберг, во која се наоѓаат компаниите Porsche, Mercedes – Benz и Bosch.

поврзани објави

Последни објави