13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

H&M СО НЕВЕРОЈАТЕН СКАНДАЛ: СЕ ОГЛАСИ И РОМЕЛУ ЛУКАКУ

Брилијантна порака на Белгијанецот

Познатата модна марка H&M се најде на голем удар во јавноста откако што во кампањата за нова облека направи голема грешка и расистики навреди многу луѓе ширум светот.

Шведски H&М покрена кампања за промоција на детска линија, а откако скандалозните фотографии беа пуштени во јавноста настана вистински хаос. Имено, на една од фотографиите се наоѓа црно момќе, а неговото дуксерче пишува “Cooles Monkey in the Jungle”.

Многу познати личности ширум светот се огласија околу овој скандал и ја критикуваа H&M. Познатиот пејач The Weekend ја прекина соработката со куќата бидејќи оваа порака ја разбрал како навреда на сметка на многу црни луѓе ширум светот.

Денес се огласи и напаѓачот на Ман. Јунајтед, Ромелу Лукаку, кој на фантастичен начин испрати порака на момчето кое се наоѓа на сликата. Секако, го промени и натписот на неговата дуксерка.

“Ти си принци и наскоро ќе бидеш крал. Не дозволувај на никој да ти каже дека си различен“, порача Лукаку на Инстаграм.

https://www.instagram.com/p/Bdtc4AWHim0/

поврзани објави

Последни објави