13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Роберто Карлос откри каков е Марсело кога малку повеќе ќе испие

Некогашната легенда на бразилскиот фудбал, но и на кралскиот клуб Реал Мадрид, Роберто Карлос, открива каков е неговиот сонародник Марсело кога малку повеќе ќе испие.

Таа сцена никогаш нема да ја заборавам. По прославата на титулата Марсело влезе во соблекувалната видно пијан. Тој не погледне сите нас и не праша зошто сите носиме маички со неговиот број 12. Мислевме прво дека се шегува, но тој беше навистина сериозен“, рече Карлос.

Секако, играчите на Реал Мадрид на предната страна од маичката го имаа бројот 12 во знак на исто толку титули кои ги освоиле во Лига на шампиони.

Карлос додава дека неговиот сонародник исто така знае често да се фати за микрофон кога станува збор за прослави и слични настани на кои тој ќе се опушти малку повеќе со алкохолот.

поврзани објави

Последни објави