35.8 C
Skopje
Wednesday, June 12, 2024

Теодоракис: Зборот Македонија во името на Скопје е поопасно од банкротот на Грција

Туркањето во банкрот и раскинување на нашето општествено ткиво беше огромен проблем. Но, да дојдеме до точка каде што е загрозен интегритетот на нашата земја, ова не е само огромно прашање, туку нормална смрт“, вели познатиот грчки композитор Микис Теодоракис во писмо до јавноста за проблемот со името на северниот сосед.

Во воведот тој, доколку добро го разбираме, се обидува да алармира дека националниот банкрот на Грција е помал проблем отколку допуштање на терминот „Македонија“ во решението на проблемот на долгогодишниот спор.

Големиот национален уметник, како што го нарекува „Прототема“, бара да нема отстапување од одлуката на Советот на политичките лидери од 1992 година, со која се дефинира националната линија за Скопје, според која терминот Македонија не треба да биде вклучен во името на Скопје.

„Секое повлекување од оваа линија ќе има катастрофални резултати за иднината на нашата земја, бидејќи по осумте години грабеж на грчкиот народ, што нè доведе до моменталната драматична ситуација, сè што останува е да го зачуваме нашиот национален интегритет“, вели тој.

„Возејќи се на името ‘Македонија’ и со деформирањето на историските настани до степен на смешното барање за проширување на своите граници на сметка на нашите заради создавање на т.н. ‘Егејска Македонија’, клучната цел на соседната земја, тие негуваа генерации Македонци со оваа идеја и сега веруваат дека се вистински потомци на кралот Филип и на Александар Велики“.

На крајот од писмото Теодоракис завршува со заклучок: „Кога се плашиш да кажеш дека ја сакаш својата татковина и кога – уште полошо, ја продаваш – тоа не е расизам. Тоа не е национализам, тоа е патриотизам. И на Грција денес, повеќе од кога било, ѝ требаат патриоти“.

поврзани објави

Последни објави