6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ: Краделе автопат!!!

Крадци во Кина украле дел од новиот соларен автопат, помалку од една недела по свеченото отворање. Еден километар во источниот град Јинан се состои од соларни плочи под слојот на проѕирниот бетон, што им овозможува на возилата да се движат преку фотонапонските келии.

Само пет дена по отворањето, работниците откриле дека недостасува дел од автопатот во должина 1, метри, пишува денеска „Гардијан”
Работниците веруваат дека крадците ја украле плочата да ја копираат технологијата, бидејќи самите материјали се скапи.

Концептот на патишта со вградени соларни плочи постои веќе со години, но дури од неодамна градовите почнаа да градат тест-проекти.

Соларна велосипедска трака отворена е во Амстердам 2014 година, а во едно село во Франција отворен е пат во должина од еден километар во 2016 година.

поврзани објави

Последни објави