fbpx
24.2 C
Skopje

Тејлор Свифт ѝ купи куќа на бремена бездомничка

АКТУЕЛНО

Пејачката Тејлор Свифт ѝ купила куќа на своја бремена обожавателка, откако дознала дека таа останала без дом. Обожавателката Стефани ја дознала веста додека ја чекала Тејлор зад сцената по концертот одржан во Манчестер.

Стефани била во осмиот месец од бременоста кога останала без станот во кој живеела со момчето, а во исто време нејзиното момче останало без работа. По концертот Тејлор ѝ рекла на Стефани дека знае колку долго е нејзин фан и дека решила да ѝ помогне.

„Одлучив да ти помогнам, да ти купам куќа и сè што е потребно за раѓањето на твоето девојче. Сакам да уживаш во секој момент поминат со ќерката и да не мораш да се грижиш за ништо“ ѝ рекла Тејлор на Стефани.

„Ми пружи рака и ме крена од земјата. Токму како што го правеше тоа во изминатите 12 години. Ќе ја сакам засекогаш“, рекла Стефани.

Тејлор е позната по хуманите гестови. Таа на своите фанови им праќа подароци, им помага во отплатата на долговите и учествува и во покривањето на медицинските трошоци.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -