Бугари создаваат авион на иднината, кои ќе се напојува со соларни батерии. Со изработката на овој авион тие ќе учествуваат на натпревар на “Боинг“.
Дибромир и Јавор се бугарските момчиња кои работат на овој проект. Јавор работи на овој проект во Бугарија, а Добромир бара финансирање во Италија.
Twin Ray е прв од ваков вид соларен авион, инспириран од рибата скат. Twin доаѓа од англиското близнаци, бидејќи пронаоѓачите – IT професионалците Добромир и Јавор – се браќа. 3000 соларни панели ќе се наоѓаат на авионот. Тие се полнат од соларна енергија за да достигнат растојание од 400 км. Авионот е дизајниран на принципот на лего коцки. Авионот ќе ги промени патните летови и транспортните услуги.
“Авионот користи автономен систем кој може да прави испораки до блиски острови – кои многу често немаат пристап до гориво и до пошта”, објаснува Јавор Христов.
Твин Реј како проект веќе е во финалето на натпреварот “Боинг”. Ако победат, двајцата браќа ќе добијат 30.000 евра за поддршка и менторство од страна на Боинг. Минатата година, првиот авион на соларна енергија направи целосен круг на земјината топка. Спротивно на тоа, Twin Ray е побрз и е дизајниран за две лица. Ако се пронајдат инвеститори, Twin Ray ќе биде реалност до 2020 година.
https://www.facebook.com/pg/btvnews/videos/