13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

ЗИДАН СИ ЈА ОТВОРИ ДУШАТА, РАСКАЖУВА ЗА КАВГИТЕ ВО СОБЛЕКУВАЛНАТА: Состанокот се претвори во вистински бунт!

Соблекувалната на Реал Мадрид ја тресе најголемата криза во ерата на Зинадин Зидан, очајните игри продолжуваат и оваа календарска година, а ако навивачите на Реал имаа барем малку надеж за одбрана на титулата – онаа мала што ја имаа, исчезна веднаш по ремито со Селта 2:2.

Иако францускиот стратег има две освоени Лига на шампиони и уште еден трофеј со тимот на Реал Мадрид, сепак би можел да остане без работа ако испадне од ПСЖ во вториот круг од Лига на Шампиони.

За да ја проба да ја смири ситуацијата, Зидан организирал 45-минутен состанок за да играчите се соочат со проблемите и вистината, но АС пренесува дека неговиот состанок се претворил во вистинска кавга и прераснал во вистински бунт.

Бунтот односно кавгата го иницираа младите играчи кои му замеруваат на Зидан за двојните страндарди, односно неговото правило кој е најдобар на тренингот, тој ќе игра“, кое не вреди во една ваква криза, пренесува Germanijak.hr

Шпанците во соблекувалната на кралскиот клуб сметаат дека е време за промени, а Иско, Асенсио, Вазкез, Карвахал, Начо и Рамос сметаат дека е време за промени, особено ако тоа се однесува на Карим Бензема кој ја игра една од своите најлоши сезони во Мадрид.

Како ќе се развива целата оваа ситуација во блиска иднина и дали Реал ќе се опорави и ќе се врати посилен од било кога, останува да видиме …

поврзани објави

Последни објави