fbpx
11.8 C
Skopje

Три силни земјотрес ја стресоа Италија!

АКТУЕЛНО

Три силни земјотрес денес ја потресоа централна Италија, јавуваат тамошните медиуми, но засега нема информации за материјални штети или настрадани.

Од информациите на  Европскиот сеизмолошки центар, првиот удар е регистриран во 10,25 часот во централна Италија, со магнитуда од 5,3 степени по Рихтеровата скала. Вторите два земјотреса биле посилни, и се со магнитуди од 5,7 односно 5,6 степени, а регистрирани се до 11,26 часот.

Епицентарот на земјотресите бил на 104 километри североисточно од италијанската престолнина Рим, и само седум километри оддалечен од Аматриче, кој биеше погоден од силниот потрес во август минатата година кога загинаа 300 луѓе.
 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -