Александар Костоски е прогласен за најдобар македонски кошаркар во сениорска категорија за 2016 година. МКФ вечерва на гала вечер во „Сквер21“ им ги врачи наградите на добитниците.
Со награда покрај Костоски се закити и играчот на Фенербахче, Перо Антиќ кој е прогласен за најдобар интернационалец. За најдобар млад играч исто така имаме интернационалец, Нено Димитријевиќ од Хувентут.
Во продолжение погледнети ги сите наградени за 2016 година:
Млада кошаркарка: Матеа Николиќ
Млад кошаркар: Ненад Димитријевиќ
Женска екипа во младинска категорија: Бадел 1862
Машка екипа во младинска категорија: Вардар
Најдобар судија: Игор Митревски
Интернационалец: Перо Антиќ
Тренер во женска младинска екипа: Анета Глигорова
Тренер во машка младинска екипа: Ѓорѓи Кочов
Женска екипа во сениорска конкуренција: Бадел 1862
Машка екипа во сениорска конкуренција: МЗТ Скопје
Тренер во женска конкуренција сениорки: Перо Стамески
Тренер во машка конкуренција, сениори: Александар Јончевски
Најдобра кошаркарка во сениорска категорија: Нена Трајчевска
Најдобар кошаркар во сениорска категорија: Александар Костоски