6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Габриел: Да се прави разлика меѓу нуклеарниот договор и стратегијата на Иран

Германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел ги повика САД да го третираат нуклеарниот договор со Иран од 2015 година како прашање одвоено од проблемот со иранската програма за развој на балистичко оружје и улогата на Техеран во граѓанската војна во Сирија.

– Би требало да одвоиме две работи. Ние сакаме да се зачува нуклеарниот договор со Иран… и стратешката улога која Иран ја има во регионот, изјави Габриел во Брисел пред состанок со неговите колеги од Иран, Велика Британија и Франција и највисоките дипломати од ЕУ.

Габриел, кој отворено ја критикува надворешанта политика на САД откако Доналд Трамп е на функцијката американски претседател, изјави дека Вашингтон сепак бил во право кога изразувал загриженост за стратегијата на Иран на Блискиот Исток.

поврзани објави

Последни објави