Нема да има втор референдум за членството на Велика Британија во Европската унија, соопшти денеска портпарол на премиерката Тереза Меј, како одговор на зголемените повици за ново гласање за Брегзит.
Претходно, водачот на кампањата за Брегзит, Најџел Фараж, рече дека се загрева идејата за одржување втор референдум, тврдејќи дека повторно ќе победи опцијата „Напушти” и ќе се прекине дебатата.