9.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Јувентус прави трансфер кој никој не можеше ни да го сонува

Челниците на актуелниот италијански шампион Јувентус сериозно размислуваат до крајот на зимскиот преоден период да доведат барем едно ново засилувања во своите редови.

Според пишувањата на медиумите, „старата дама“ покажал интерес за  Кванг-Сонг Хан кој игра за екипата на Перуџа на позајмица од Каљари.

Имено Јувентус веќе го отпочнал преговорите за трансфер на фудбалеро од Северна Кореја и истиот би бил комплетиран и завршен во наредните денови.

  Овој 19 годишен фудбалер летово замина на позајмица во Перуџа каде импресионираше со своите игри и го привлче вниманието на многу клубови, сепак Јувентус се чини има приоритет.

Овој трансфер би можело да има и друга позадина, а тоа е пазарот на маркетинг, односно грижата за своите навивачи во Азија кои ги има во прилично голем број.

  

 

 

поврзани објави

Последни објави