Челниците на актуелниот италијански шампион Јувентус сериозно размислуваат до крајот на зимскиот преоден период да доведат барем едно ново засилувања во своите редови.
Според пишувањата на медиумите, „старата дама“ покажал интерес за Кванг-Сонг Хан кој игра за екипата на Перуџа на позајмица од Каљари.
Имено Јувентус веќе го отпочнал преговорите за трансфер на фудбалеро од Северна Кореја и истиот би бил комплетиран и завршен во наредните денови.
Овој трансфер би можело да има и друга позадина, а тоа е пазарот на маркетинг, односно грижата за своите навивачи во Азија кои ги има во прилично голем број.