Белгиецот ги зачуди фановите со својата објава на социјалните мрежи.
Алексис Санчез на големо се споменува како нов фудбалер на Манчестер јунајтед овој зимски јануарски преоден рок, откако Манчестер Сити се повлече од трката за Чилеанецот чиј договор со Арсенал истекува идното лето.
Ромелу Лукаку, напаѓачот од редовите на тимот од „Олд Трафорд“ објави фотографија на социјалните мрежи на која чилеанското знаме е поставено до знак кој води до Црвен Ѓавол.
Дали ова е најава за голем трансфер, останува да видиме…