13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Нова кавга со Нејмар: Кавани овој пат побара итен трансфер, веќе се знае и каде заминува

ПСЖ во 21 коло од француската лига го совлада Dijon со 8:0, а дури четири погодоци постигна Нејмар.

Проблемите повторно настанаа кај единаесетерецот за последен погодок на Парижаните. Нејмар веќе постигна три, но тоа не му е доволно па му одзема приликата на Кавани да се запише во историјата на ПСЖ како најдобар стрелец на клубот.

Кавани, кој одлучи да му попушти на Бразилецот, тоа не му се допадна и повторно започнаа приказните за негово заминување од ПСЖ, пренесува Goal.com. Егото на Нејмар очигледно не може да биде поднесено од страна на Кавани и тој полека почнува да размислува за промена на средината.

Италијански Corriere dello Sport тврди дека во првиот ред за Уругвајецот е Јувентус кој го побара уште во 2106 година, веднаш после заминувањето на Погба. Денес ситуацијата е потполно различна, а оштетата би можела да биде 60 милиони евра, а годишна плата од 10 милиони евра.

поврзани објави

Последни објави