Легендарниот Пеле, според многумина најдобриот светски фудбалер на сите времиња, требал да отпатува во Лондон на настан организиран во негова чест, но патувањето го откажал откако му се влошила здравствената состојба.
На Пеле му се слошило и колабирал, па завршил во болница каде морале да го стават на инфузија.
„Во раните часови во четвртокот тој колабираше и веднаш беше префрлен во болница. Лекарите направија низа тестови кои покажуваат дека нема сериозни проблеми, однсосно дека организмот на Пеле е премногу исцрпен. Ќе остане во болница некое време“, пренесуваат бразилските медиуми.
Извор: СпортКлуб