fbpx
-4.2 C
Skopje

Ѓорчев: Состојбата во државата е неповолна

АКТУЕЛНО

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев, денеска, заедно со дел од партиските членови од Куманово, го посети Соборниот храм „Свети Никола“ во Куманово и им го честиташе големиот христијански празник Богојавление-Водици на верниците.

Тој посочи дека оваа е семеен празник и дека притворените треба да се дома со своите најблиски, посочувајќи ја една од притворените од Куманово, Елена Божиновска, за која рече дека е неправедно затворена и оти треба да биде дома со сопругот и децата.

– Генерално во државата имаме ситуација која воопшто не е добра, која се влошува по сите основи. Имаме ситуација во која Куманово е целосно заборавено од централната власт. Куманово многу направи за СДСМ, Куманово даде поддршка за СДСМ, но од централната власт, од Владата, од премиерот Заев, Куманово не го добива она што го заслужува, изјави Ѓорчев.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -