fbpx
17.8 C
Skopje

Бугарин го фати крстот во Гевгелија

АКТУЕЛНО

Младиот бугарски државјанин Теодор Цветков од градот Русе го фати светиот крст во реката Вардар во Гевгелија.  Интересен момент е дека за  првпат чесниот крст во Гевгелија го фати странски државјанин. Присутните граѓани му посакаа на Цветков  многу здравје и му порачаа со светиот Богојавленски крст да ги посети сите христијански домови во Гевгелија. Цветков рече дека парите што ќе ги собере од шетањето со светиот крст по домовите ќе ги донира за лекување болни деца. Градоначалникот Сашо Поцков му ја честиташе радоста на Цветков, му посака многу убави моменти годинава и му подари лап топ, а од фармацевтката куќа „Зегин“ Цветков доби телевизор.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -