Ова лето го напушта Атлетико Мадрид
Францускиот напаѓач Антонио Гризман на крајот од оваа сезона сигурно ќе го напушти Атлетико Мадрид, а интерес за овој играч прикажаа Барселона и Манчестер Сити.
Гризман летото беше на чекор до Ман. Јунајтед, но се откажа од трансферот во последен момент откако Атлетико остана без можност да донесе ново засилување до почетокот на оваа година.
Сепак, откако Диего Коста го доби правото да заигра за Атлетико стана јасно децка Гризман ќе го напушти овој тим до крајот на сезоната.
Најголем интерес за францускиот напаѓач покажа Барселона која е подготвена да ја активира неговата откупна клаузула од 100 милиони евра. Сепак, проблем за каталонскиот би можел да прави Сити кој исто така е заинтересиран за Гризман.
Меѓутоа, каталонски Спорт денес објави дека Барса и Гризман веќе постигнале “таен“ договор.
Наводно, Гризман на лето ќе го засили овој клуб, но ако дојде до некои промени двете страни би можеле парично да исплатуваат. Имено, доколку Гризман се предомисли ќе мора да плати одредена сума на Барселона, а доколку Каталонците се предомислат тогаш тие ќе мораат да платат неколку милиони на сметката на Французинот.