18.8 C
Skopje
Tuesday, October 8, 2024

Харвард работи на „таблета за генијалност”

Научници од Универзитетот Харвард сметаат дека „скицата на големиот мозок” направена со помош на скенери, ги потврдува заедничките точки на генијалците и на многу успешните луѓе, пишува интернет страницата „Лајф“.

Структурата на ткивата во мозокот на натпросечно интелигентните деца, е таква што активността на одредени зони и состојбата на невронските врски гарантираат оригинални идеи.

Притоа, зголемената активност во некои делови на мозокот може да се постигне и по вештачки пат. Ова сознание не е ништо ново, веќе со децении научнииците вршат експерименти со големиот мозок, за вештачки да предизвикаат реакции кај луѓе и кај животни.

Сега науката оди чекор натаму. Експертите од Харвард работат на специјална „таблета за генијалност”, со високоактивни својства кои ќе ја интензивираат активноста на точно определени центри во мозокот.

поврзани објави

Последни објави