13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

ФАНОВИТЕ НА ЧЕЛЗИ СЕ МОЛАТ КЛУБОТ ДА БИДЕ КАЗНЕТ ОД ФИФА

Фановите на Челзи се надеваат дека клубот ќе биде казнет од ФИФА и да не може да прави трансфери во овој преоден рок. Причината за ваквата смешна реакција на навивачите на англискиот шампион се информациите дека клубот има намера да го ангажира напаѓачот на Стоук сити, Питер Крауч.
Исто така кружат информации дека „сините“ во случај да не успеат со Крауч ќе се обидат да го земат Енди Керол.
Па така на социјалните мрежи навивачите упатуваат молби до ФИФА веднаш да го казни Челзи со забрана за трансфери во зимскиот преоден рок. Како информација Светската фудбалска куќа го разгледува лондонскиот клуб за 25 трансфери на играчи под 18 годишна возраст.
„ФИФА ве молам казнете го Челзи да не може да прави трансфери, за да не се глупираме и да купуваме фудбалери како Питер Крауч и Енди Керол!“, напишал еден лут фан.

Повеќе за ова на – Sport.com.mk

поврзани објави

Последни објави