Во вторник Министерството за финансии, кај домашните кредитори ќе се задолжи за речиси 24 милиони евра.
Се работи за второ задолжување годинава. Од министерството велат дека парите се земаат за да се врати стар долг, а заемите и враќањето на долговите се веќе објавени на календарот на Министерството за финансии.
Согласно календарот, предвидени се 12 задолжувања на домашниот пазар, преку издавање на државни хартии од вредност, а два пати во месецот се предвидени аукции на државни записи и државни обврзници