7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Лотарија – игра на среќа

Лотарија – игра на среќа која вклучува извлекување на броеви за премија. Лотаријата е контролирана т.е регулирана од некоја држава. Се организира како национална или државна лотарија. Може да ја сретнете под двете имиња. Добро е пред играњето да се види кој степен на регулатива го поседува лотаријата и од која држава е регулирана. Со тоа ќе бидете безбедни при играњето.

Лотаријата прво се појавила во САД, и потоа се проширува и во другите држави на крајот од 19 век. Во текот на 20 век, во многу форми на коцкање била вклучена лотаријата. Поради големата популарност во Европа и САД станува илегална, како и во многу други држави. Дури по Втората светска војна, се регулира според закони и станува легална со што е вклучена во многу казина. Но за тоа се воведуваат и провизии и даноци кон државата.

Лотарија – игра на среќа за која се мисли дека постојат трикови

Како и во секоја форма на коцкање, така и овде, секако дека постојат измами. Тие постојат и покрај големата регулатива која се спроведува од страна на организраторите и слично. Како на пример, познатата измама со Националната Лотарија на Пенсилванија. Тука стануваше збор за организиран криминал, додека трикови и измами може да се сретнат на интернет како „добитни“ системи. Но овие трикови кои се нудат најверојатно не функционираат.

На интернет може да најдете продавачи на софтвер кој ви „гарантира“ дека ќе освите на лотарија, но тоа се измами. И тоа е легално да се нуди таков софтвер и трикови поради тоа што тие имаа наведено дека не гарантираат добивка. Или низа на бројки која ќе ве донесе до фантастичната понуда. Затоа бидете внимателни и не уплаќајте за некаков софтвер кој „магично“ ќе ги погоди комбинациите. И притоа се бара од вас да го купите предвреме и слично. Дури и оние кои нудат некои системи и трикови, не се за верување. Затоа што лотаријата се базира врз математички методи и веројатност. Сето останато имајте го во втор план.

поврзани објави

Последни објави